Истражување на ООН: Македонија најнесреќна држава на балканот, четврта во Европа

Македонските граѓани се најнесреќни од сите земји на Балканот, четврти во Европа, а на 87-мо место на светско ниво. Според најновото истражување на Обединетите нации, Македонија е несреќна колку што се жителите на Венецуела и Јужно-африканската република, земји во кои луѓето живеат во субстандарни услови и се дават во насилен криминал.

Посреќни од нас се сите наши соседи, додека пак, на европско ниво, зад нас се само Грузија,Турција и Украина, земја која моментално во војна.

Граѓаните велат дека Македонија го има пробиено дното. Корупцијата и неодговорните политичари, меѓународните капитулации и егзодусот на младите се најдоа помеѓу главните причини граѓаните да се чуствуваат несреќни.

Премиерот Ковачевски се сомнева во истражувањето и начинот на кој е спроведено, но смета дека среќата ќе ја најдеме кога ќе влеземе во Европската Унија.

  • “Целта е остварување полноправно членство во Европската Унија, зголемување на животниот стандард, зголемување на платите. Практично, поврзани се меѓусебно и со задоволството на сите граѓани.” – Вели премиерот Ковачевски.

Во регионот најсреќни се Словенците, кои се најдоа на 22-то место, а во светски рамки, најсреќни се во скандинавските држави, на чело со Финска, која е на врвот шеста година по ред. По неа, се Данска и Исланд.

Најнесреќни во светски рамки се граѓаните во Авганистан, а во нивно друштво се најдоа Либан, Зимбабве и Конго.

Индексот за истражувањето на Обединетите Нации ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку едноставното прашање “Колку сте среќни и зошто?” Истржувањето го спроведува институтот „Галуп“, а извештајот го составуваат научници од Соединетите Американски Држави. Се објавува 11-та година по ред на 20ти март, Меѓународен ден на среќата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста