Историјата заминува во историја: Учениците во петто одделение нема историската наука повеќе да ја учат како посебен предмет- почнуваат да се исполнуваат условите на Бугарија?!

Историјата заминува во историја. Ова се резултатите од најновите промени во образовната програма за основно образование, каде во петто одделение историјата веќе нема да биде посебен предмет, туку се спојува со опшстество. Професорот Митко Панов за Алфа вели и претходно предупредувале дека вакво нешто не смее да се случи, бидејќи историската наука ќе се маргинализира, во однос на другиот предмет.

-Учебниците по историја да бидат укинати и со самото тоа да станат историја, да бидат пример како не треба да се пишува, а од друга страна со концепцијата подоцна под притисок на експертската јавност беше додаден формално додаден делот на историја во општество, што сега имаме само една маскирана форма на предмет историја и опшствество, во која предметот историја ќе биде маргинализиран за сметка на другите опшстествени науки, вели Панов за Алфа.

Според него ваквиот образовен проект нема да трае долго, бидејќи против него биле сите експерти. Тој е на ставот дека доколку дозволиме ваквиот модел да засади во македонско образование, идните генерации ќе ни учат историја по желба на соседите.

-Мора да се укаже на фактот дека доколку се прифатат сите овие условувања, во тој случај идните генерации ученици ќе градат национална свест и припадност кон нацијата, прилагодена на наративете на соседните држави и нации. Што во крајна линија треба да го севкупниот идентитет на народот на нацијата, што за мене е погубно, вели Панов.

Тое ја ставот дека Македонија со ова почнува да си ги исполнува условите од договорот со Бугарија, посебно оној спорен протокол, донесен со француско покровителство. Договорот против кој се кренаа најголем дел од граѓаните, започнува со имплементација од македонска страна, по помалку од еден месец од неговото потпишување во Софија.

Инаку, претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, порача дека авторите ќе морале да творат позитивно, со цел да не ја налутеле Бугарија и порачувајќи дека историја не смее повеќе да ни биде затвор.

-Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро. Сепак, мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор, туку да ни биде лекција, изјави Костадиновска Стојчевска.

Во програмата за второ одделение пак се наведува дека ученеците ќе треба низ повеќе различни компоменти да учат за припадноста на различни социјални групи, а меѓу нив и националниот идентитет. Значи ли тоа дека ќе учи и бугарското гледиште, кое не ни го признава ниту јазикот, ниту нацијата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста