Историчари: 13 погрешни информации и во учебникот по историја за петто одделение 

Римскиот Колосеум потекнува од пред 72 година од новата ера, Никола Тесла е изумител на електричната енергија, новиот век започнува со откривањето на парната машина, Кокино е градба – Височината на Монт Еверест и локацијата на Бугарија не се единствените кардинални грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение. Историчарите предупредуваат итно да се повлече учебникот бидејќи ќе им нанесе голема штета на учениците. Во опсежниот извештај Здружението на историчари посочи на многу нелогичности. Дека „Египетскиот календар е лунарен“ а всушност е соларен…Дека Никола Тесла е изумител на електричната енергија а почетокот на новиот век/ модерната историја започнува со откривањето на парната машина, а историски завршува со почетокот на првата светска војна.“ Новиот век не започнува со пронаѓањето на парната машина во 18.век. Новиот век, во согласност со академскиот консезус во Европа, започнува со појавата на печатницата на Гутенберг и со ренесансата, која ги црпи основните идејни постулати од средновековието, реагираат историчарите.

Стариот –  (античка историја) век бил историски период кој започнал со пронаоѓањето на првото писмо а завршил во V век пред новата ера. Ова е погрешен податок, според кој почетокот на средниот век, во суштина, се поместува 10 века поназад. Имено, средниот век започнува со големите преселби на народите во V од н.е  Според она што го навеле авторките, средниот век во историјата започнува со Грчко-персиските војни. Понатаму не постои нешто наречено „Стариот/ античка историја век“, бидејќи античката историја е, впрочем, само еден дел од она што се нарекува историја на стариот век – реагираат историчарите.

Дека ќе препознаете многу грешки јасно е уште кога ќе ја отворите интернет страницата е-учебници. Овој учебник со спорни содржини е насловен „Историја и ОПШЕСТВО“. Грешки има и за Мегалитската опсерваторија “Кокино“  која се вбројува меѓу 15-те највредни стари опсерватории во светот, а  НАСА во 2005 година ја рангираше на четвртото место во светски рамки.  

При споменувањето на Кокино, постојано се повторува „градба“ и „изградено“ (стр. 145), а, всушност, се работи за природна карпа која е секундарно обработена. Во однос на Хераклеја се вели дека „основан е во VI век пр.н.е.“ (стр. 149). За тоа не постојат никакви докази (археолозите овој град го определуваат хронолошки во IV или пак во II век пр.н.е., но во никој случај во VI век пр.н.е.). Воедно, се констатира дека Хераклеја била колонија, без, притоа, да се прецизира што претставува тоа, односно чија колонија била. Кај Самуилова тврдина се вели дека „најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил“ (стр.151), иако археолозите сметаат дека остатоците од денешните ѕидини се од подоцнежен период. Исто така, авторките наведуваат дека во близина на Самуиловата тврдина се наоѓа „амфитеатар“ (стр. 151), што не е точно, бидејќи станува збор за антички театар, наведуваат историчарите во својата анализа – реагираат историчарите.

Никола Тесла изумител на електричната енергија“ – се наведува на страницата 116 од учебникот. Но историчарите посочуваат дека истражувањето и откривањето на електрицитетот има своја историја, која започнува со старогрчкиот филозоф Талес од Милет. Никола Тесла, историски гледано, ја има заслугата за креирањето услови за користење и производство на наизменичната струја.

Исто така, авторките наведуваат дека во близина на Самуиловата тврдина се наоѓа „амфитеатар“ (стр. 151), што не е точно, бидејќи станува збор за антички театар.

Ова се само дел од грешките во учебникот за кој Министерството за образование и наука минатата недела соопшти дека бил почнат прцоцес за утврдување на причините за пропустите. Дали ќе има одговорност од авторите и рецензентите не се знае. Експертската фела најави опсежна критичка анализа која ќе ја достави до Министерството, со барање да се повлече учебникот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста