Историчари: Работите ќе излезат од контрола ако и натаму се отвораат бугарски клубови со имиња на фашисти

Македонскиот народот е нетрпелив, доколку во Охрид и останатите градови се продолжи со отворањето на бугарски културни центри со имиња на фашистички соработници, работите ќе излезат од контрола. Со народот нема играње-укажува универзитетскиот професор, Павле Митрески. Нашите политичари,челниците кои ја водат оваа држава, направија катастрофална грешка потпишувајќи меѓународни договори со Бугарија. Сега им останува или да ги поништат и да го слушнат гласот на македонецот, или ќе им се случи народ.

Државава треба еднаш јасно и гласно да рече и со Бугарија да ги прекини сите договори, да престанат со оваа ситуација, бидејќи народот не сака,народот сака мир,сака слобода, сака свој јазик,своја култура, своја нација – изјави професорот Павле Митрески.

Владата и институциите во Македонија не само што не смеат, туку мора ведаш да стават крај на оваа агресивна бугарска пропаганда која не враќа во 19 век, вели историчарот Митрески според кого отворањето на клубот Цар Борис III во Охрид не е воопшто наивно,а уште помалку случајно.

Ова не е случајно,ова е намерно,а бугарите го користат заради нивната 150 годишна желба македонците да се бугари,тоа никогаш нема да се оствари.Јас соработувам со историчари, сум бил во Бугарија многу пати во дражавните архиви, ја знам цела игра – вели историчарот.

Со делењето на бугарска литература,оваа шака луѓе кои се декларираат како бугари, не можат да постигат ништо,но загрижуваат протестите кои ќе ги има се повеќе, во услови кога работите не ни чинат дома,оти државните органи не реагираа уште кога се отвори првиот бугарски клуб во земјава-истакнува нашиот соговорник.

Откако вчера попладне протестот заврши,а народот се разотиде, се затворија и вратите на бугарскиот културен центар, тргнато е бугарското знаме а не се вее нити знамето сo ликот на Цар Борис III.Но со богата софра и настап на млади играорци ,прославата по повод официјалното отворање на клубот продолжила во еден охридски ресторан каде беа присутни околу 50-тина поклоници на ликот и делото на Цар Борис III.Аматерски видео снимки од прославата се прикачени на фејсбук страната на здржението Цар Борис III.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста