Историски час по повод раѓањето на Гоце Делчев во организација на ВМРО ДПМНЕ

Гоце Делчев е симбол на епоха и борбата на македонскиот народ за слобода и заслужува достоинствено чествување – Ова беше главната порака од историчарите на трибината организирана од ВМРО – ДПМНЕ „ Гоце е Македонија“.

Историчарот Ванчо Ѓоргиев кој важи за добар познавач на настаните од тој период, практично одржа историски час на кој со факти и документи  посочи на делото кое револуционерот го направил за борбата за слободна Македонија. Ѓоргиев посочи дека Делчев го пречкртал делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин , па пишал Македонец. Ѓоргиев дециден, Делчев не заслужува вакво чествување.

Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, имаме 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од објавувањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за македонска држава, а што добивме на државно ниво ? Денешниот ден е прогласен за настан од висок безбедносен ризик, дали Гоце го заслужува тоа ?

 Ја опљачкаа, ја разнебитија, ја понижија Македонија. И тоа е суштината во која што ние денеска живееме И повторно сме условувани, и кога ќе прашате дали е ова последниот услов од тие кои го бараат тоа, а не не знаеме , рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека денес се живеело во поделби, а поради бројните проблеми младите ја напуштаат државата.

Трибината „ Гоце е Македонија“ беше организирана по повод 120 годишнината од Илинденското востание и 130 годишнината од формирањето на ВМРО.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста