Исплашени од поскапувањето на струјата, граѓаните ги враќаат шпоретите на дрва

Драстично поскапена цената на огревното дрво и пелетите. Граѓаните плаќаат предвреме, плашејки се дека подоцна, цените ќе се уште повисоки.

Граѓаните кои што се решија да се греат на дрва, поради се поскапата цена на електрична енергија, оваа година веројатно ќе останат без решение. Не само што новите цените на огревнот дрво се повисоки од лани, туку и складиштата се празнат се побрзо.

Во моментов, цената на буката во складиштата кои ги посетивме изнесуваше 3800тини денари, додека пак дабот достига вредност и до 4600 денари.

Сопствениците на складиштата за огревно дрво, велат, за новата цена има повеќе причини, a очекуваат истата и да се зголеми.

– „Покачени се поради нафтата, работниците, се е со нафта. И сечење и носење, секоја работа со дрва е во врска со нафта. Ние лани за 1000 денари нафта за стававме 20 литри нафта, сега не е така. Покачено е затоа што нема работници. Работната рака е поскапа за 100%. Лани плаќавме 100 денари на кубик, а сега 200. Има недостаток. Според порачкиве, се е платено, однапред ни даваат пари луѓево. Малку е проблематично тоа. Луѓето имаат страв од нови покачувања.“ – Истакна Али Анаим сопственик на дрвара „Калоши Ком“.

Граѓаните со кои разговаравме, велат, огревното дрво е прескапо и не знаат како ќе се снајдат.

За се поскапите цени на огревното дрво побаравме и став од ЈП македонски шуми, но, оттаму ни објаснија дека за одговор мораме да почакаме неколку дена.

Состојбата дополнително се искомплицира со забараната за извоз на Босна и Херцеговина, како и на соседна Србија, што напрви голем број од складиштата кои увезуваат да останат празни, поради што огревното дрво и пелетите не само што се поскапи, туку е тешко и да се најдат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста