Исечени гумите на возилото на градоначалникот на Штип, кој два месеци добивал и закани

Вработен во Општина Штип вербално му се заканувал на штипскиот градоначалник, но и му ги  исекол сите четири гуми на службеното возило. Јорданов, сношти во полициската станица пријавил закани по живот. За да не влијае на постапката, не сакаше да открива детали.

Не би сакал да навлегувам во деталите за да не влијаам на постпката. Верувам во институциите на системот. Сето она што е пријавено  СВР Штип има детали,. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, коешто во минатото е познато на полицијата по вакви случки„ изјави градоначлникот на Штип, Иван Јорданов.

Пред да му ги исече гумите, вербален инцидент имало и во општината. Освен на работното место со закани од типот „ќе видеш кој сум јас„ му упатувал и на други локации, за кои полицијата дополнително ќе истражува.

СВР потврди, сношти во 22.45 часот, лице со иницијали И.Ј. пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во општината, во неколку наврати во последните неколку месеци, му упатувал закани и сношти околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел градоначалникот, од страна на Ј.М биле исечени.

Врботениот во штипскта администрација пред неколку години исто така му се има заканувано и на друг градоначалник на Штип. Според кривичниот законик за сторено кривично дело загрозување на сигурност предвидено е казна затвор од 3месеци до 3 години.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста