Иранскиот претседател ги потисна сите надежи за оживување на меѓународниот ирански нуклеарен договор

И, додека светските лидери се собираат во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, иранскиот претседател Ебрахим Раиси ги потисна сите надежи за оживување на меѓународниот ирански нуклеарен договор од 2015 година.

Раиси изјави за Си Би Ес Њуз дека откако администрацијата на Трамп еднострано се повлече од договорот, Техеран сака гаранции од Вашингтон дека тоа нема да се повтори.

Еден експерт изјави за Гласот на Америка дека ќе биде многу тешко за која било американска администрација да му понуди на Техеран такви гаранции.

Мислам дека она што иранската страна треба да го разбере е, ако тие навистина сакаат да го направат следниот договор потраен, одржлив и потешко за секој американски претседател да се повлече, тоа е за Иран, во најдобар интерес на Иран, брзо да го прошири политичкиот дијалог со САД и да изгради доверба“, вели Алекс Ватанка, Институт за Блискиот Исток.

Во интервју за Гласот на Америка во Белата куќа, координаторот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД и Иран сега се подалеку од договор, но тој сепак верува дека е подобро опција е договорот наречен Џеј Си Поа – да биде обновен.

„…САД сè уште се посветени на враќање во JCPOA, негово повторно спроведување, бидејќи ние веруваме дека договорот функционираше пред претходната администрација да се повлече. Иран сега е поблиску до способноста за пробивање, сега, денес, додека јас и ти седиме овде, отколку што беа блиску кога беше склучен договорот во 2015 година“, вели Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност.

Во Капитол Хил, републиканците се спротивставуваат на напорите на администрацијата на Бајден за повторно спроведување на договорот. Претставникот Тим Буршет изјави за Гласот на Америка дека верува оти Иран нема да постапи со добра волја.

„Тие поставуваат некои неразумни, нереални барања. Тие сакаат целосни економски придобивки од договорот од 2015 година и сакаат да ја прекинат истрагата на Обединетите нации за дел од тој непријавен нуклеарен материјал во Иран“, вели републиканецот Тим Буршет.

Доколку иранскиот нуклеарен договор биде обновен, рангираниот републикански член на Комитетот за надворешна служба на Претставничкиот дом Мајкл МекКол изјави за Гласот на Америка дека е загрижен за тоа што би направил Техеран доколку се ублажат санкциите.

„…Она за што се грижам е доколку ги укинеме санкциите, а вие имате милијарди долари кои одат во Иран, ние го имаме истото искуство што го имавме минатиот пат, а тоа е финансирање терористички операции во Сирија и Ирак, Либан и Хамас, а исто така и во Јемен, со бунтовниците Хути“, вели републиканецот Мајкл МекКол.

Во ОН, француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона го повика Иран да го прифати предлогот за заживување на нуклеарниот договор, предупредувајќи дека нема да добие подобра понуда.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста