Илон Маск не се обесхрабрувапо експлозијата на ракетата „Старшип“ – тимот научил многу за следното лансирање

Огромна вест оваа недела од приватната компанија за вселенски летови Спејс Икс беше тоа што компанијата го забележа првичниот успех во тестирањето на својaта масивна, 120-метарска вселенска ракета Старшип од лансирната рампа во Тексас.

Но, само неколку минути по лансирањето, работите тргнаа на наопаку, бидејќи најмоќната ракета на светот не успеа да се одвои, и експлодира.

Ракетата немаше екипаж.

Претставниците на компанијата истакнаа дека ова е само тест и рекоа дека самото полетување на ракетата ќе се смета за победа.

Извршниот директор на Спејс Икс, Илон Маск, му честиташе на тимот на Твитер, додавајќи дека „тимот научил многу за следното лансирање“.

Лансирањето веќе еднаш беше одложено. Спејс Икс го откажа планираниот тест на Старшип во понеделникот, откако замрзнат вентил предизвикал проблеми. 

Спејс Икс вели дека Старшип ќе може да превезе дури 100 луѓе на патување до Марс. Но, има уште многу работа што треба да се направи. 

Маск вели дека Старшип ќе се користи првенствено за лансирање сателити околу Земјата. Тој предвидува дека барем една од неговата растечка флота на Старшип ќе стигне во орбитата до крајот на годината. 

Спејс Икс го лансираше Транспортер-7 во орбитата на ниската Земја од вселенската база Ванденберг во Калифорнија. Компанијата вели дека тоа е седма мисија посветена на „на мали сателити“.

Една од капсулите на Спејс Икс се откачи од Меѓународната вселенска станица оваа недела, носејќи речиси две илјади килограми научни експерименти и товар назад на Земјата. Тоа беше 27-та мисија за снабдување на компанијата за НАСА.

Конечно, оваа недела, од своето вселенско пристаниште во Франција, Европската вселенска агенција ја лансираше истражувачката мисија „Ледените Месечини на Јупитер“. Вградениот роботски истражувач, познат како Џус, ќе помине осум години патувајќи до најголемата планета на нашиот Сончев систем. Дел од мисијата на Џус ќе биде да бара знаци на живот закопани во мразот на месечините на Јупитер.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста