Илиески: „Не е говор на омраза коментирање на навреди од бугарски политичари“

Претставката за тоа дека наводно активистот и домаќин на вечерното шоу на ТВ АЛФА Богдан Илиески користел говор на омраза е само показна вежба за иднината доколку Македонија го прифати францускиот предлог, со се сите бугарски барања и механизми за казна. Според Илиески, ова е само вовед во цензура и ограничување на правото на слободен говор.

Ова е само една показна вежба како би изгледала иднината и за што се можат да ни ставаат вето и покрај оние историски прашања ако историските комисии не се сложат за бугарската верзија на историјата. Сега ќе можат да ни стават вето за тоа што Богдан напишал како статус или било кој од нас, или ако комбинирано ако напишете статус дека Гоце Делчев не е бугарин  тоа може да го сметаат за дупли говор на омраза , ем навреда кон бугарскиот народ ем извртување на историските факти. Навистина една сериозна цензура, нарушување на човековите права, на правото на слобода на говор една тотална спротивност на сето она што го нарекуваме Европски вредности, вели Илиески.

Како што е познато, решението на Макрон за кревање на ветото ги содржи речиси сите Бугарски барања, вклучително и механизми за контрола и казнување на таканаречениот говор на омраза кон Бугарите. Повеќето експерти предупредуваат дека таквиот механизам, Бугарија само ќе го злоупотребува за да контролира кој, што може да каже за нив. Токму таков е и примерот со претставката поднесена од невладината „Дело„ до Комисијата за заштита од дискриминација.

Оваа „ступидна“ претставка се базира на пријава на мој  фејсбук статуси кои што немаат никаква врска со никаква навреда напротив јас во нив ги коментирам навредите коишто високи лица на бугарската држава ги упатуваат кон Македонија и Македонците на пример ставови на претседателот Румен Радев кој што вели дека македонизмот е измислен од Белград или на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева којашто го нарекува македонскиот јазик бугарски дијалект кој што бил сервизиран . Јас тие работи ги коментирам без особени навреди кон политичари, рече Илиески.

Според Илиевски, ова е само репресивен механизам на Бугарија која сака преку македонските институции да воведе цензура на критичките гледишта. Преседанот со претставката за говор на омраза е опасна за слободата на изразување, посебно сега во време кога целата македонска јавност го крева гласот против Францускиот предлог.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста