Измените на законот за здруженија и фондации ќе важат и ретроградно

Двајца академици, еден професор по историја, како и по еден претставник од министерставата за правда и култура ќе бидат дел од Комисија која ќе одлучува дали во Македонија се дозволени здруженија кои го слават ликот и делото на Ванчо Михајлов, Цар Ворис Трети и други познати соработници на Адолф Хитлер и третиот рајх. Отприлика вака ќе функционира системот во Македонија откако измените на законот за здруженија и фондации ќе минат во Собранието.

– „Доколку програмата, целите и дејностите се насочени кон насилно уривање на уставнот поредок на република македонија, поттикнување или повикување на воена агресија, разгорорување на друга расна, верска или национална или друга нетрпеливост. Нетолеранција, геноцид , екстреминација, ширење, поддршка или поттикнување на фашизам, нацизам, национал социјализам и третиот рајх. Преземање на активности поврзани со тероризам, превземање на активности кои што се спротивни на уставот или законите. Преземање на активности кои се повредуваат слободите и правата на други лица. – Истакна пратеничката Рашела Мизрахи во Собранието.

Предвидено е комисијата да има советодавна улога и да ја формира министерот за правда. Таа ќе дава мислење и ќе го препраќа до него, а тој ќе го има последниот збор и одлука.

Овие предлог измени на законите нема да важат само за здруженија кои ќе се формираат по донесување на законот. Сите досега регистрирани ќе бидат предмет на ревизија и оценка.

– „Организации, здруженија, фондации, сојузи и други форми на здружување… се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар.“ – Стои во членот 4 од предлог законот за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации.

Предлогот за законот да се гласа во скратена постапка од собранието доби едногласна подршка. Се очекува по него да следат слични измени и во законот за трговски друштва.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста