Изгор скапи дрва или изгор цена на струја – изборот е ваш

Изгор скапите дрва и струја ќе ги смрзнат граѓаните назима. Неизвесноста како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема, по најавите дека дрва нема, а тие што ќе успеат да си купат ќе платат астрономски суми. Огревното дрво веќе се продава по 4000денари за кубик, па за да се затопли едно семејство потребни ќе му бидат минумим 24.000денари. Уште едно поскапување се очекува пред стартот на грејната сезона. Новите цени, дополнително ќе удрат по скромниот македонски буџет. Граѓаните се во недоумица, бараат начин како поевтино да се стоплат на минусните температури. Дрвата и понатаму им остануват како најевтина варијатна.

„Веќе порачав. По 4000денари, така ми рекоа. Лани кубикот беше 3200. Не можеме ние без дрва. Мора да се грееме! Ако пак се грееме на струја , ќе биде не 4000, ќе испадне 100-150 евра да платиш„- коментираат граѓаните

Изгор скапиот тарифник на ЕВН ќе ги олади печките. Тие што ќе се топлат на струја уште отсега кројат планови, како да заштедат назима. Велат рестрикција не им гине. Грејните тела ќе ги вклучуваат само на евтина струја.

„После 10часот ќе се вклучувам, бидејќи јас сум на кварцна печка и на термо. Размилсувам да земам и клима. Не знам! Само така преку ден малку и навечер. Друго чаре нема!Премногу е скапа, ама ќе се трудеме да опстанеме. Немаш избор! Ќе скратеш на едно, ќе платеш друго! Колку е толку е! Пензијата е таа. Ако претходно си топлел 5часа сега ќе топлеш два часа. Ќе се облечеш потопло и готово„- коментираат граѓаните.

Годинава повисока цена ќе имаат и пелетите. Ако лани вреќичката чинеше 196 денари, сега за истата ќе треба да платат од 350 до 370денари.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста