Извршена канонизација на игуменот Јоаким Крчовски

  • Проподобниот игумент Јоаким Крчовски го вбројува во редот на светите – рече епископот хираклејски г.Климент.

Нашиот молитвеник пред Бога, преподобен отец Јоаким Крчовски, е пример на Божји слуга кој во себе ги умножил талeнтите, бил верен во малку, и Господ го поставил над многу, и ние сме му должни споменот да му го направиме вечен, затоа што тој бил и é еден од нашите застапници пред Бога, кој на секој начин се трудел да биде и é орудие во Божјите раце: МПЦ-ОА, го канонизираше игуменот Јоаким Крчовски  за светител. 23 мај е денот кога ќе се слави ликот и делото на светецот Крчовски.

  • Не секој кој за време на својот живот се обожил, црквата го објавува за свет, туку они кои што промислата Божја ги посочува како потреби, затоа што впрочем и самиот овој чин, канонизација, не значи дека ние произведуваме светител туку дека истакнуваме, му даваме на народот образац на вистински божји угодник, пример за нас во достојното живеење на Христовото Евангелие – рече поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан.

По иницијативата на Кумановско-Осоговската епархија, Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на 10 мај го разгледала предлогот и владиците одлучиле преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се вброи во редот на светите.

  • Пишувал на народен македонски јазик и неговите книги претставуваат почеток на новата македонска литература. Во текот на својот живот не го променил начинот на делување и останал во подвигот на учелствувањето, и неуморната пастриска грижа на нивата Господова. Мирно се упокоил во Господа во 1820 година, рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј.

 Јоаким Крчовски живеел, проповедал, учителствувал,провестувал, богослужел и бил подвижник на преминот помеѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски,според црковното учење  се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин, и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста