Ибрахимовиќ ги договори деталите, останува уште една година во Милан

Златан Ибрахимовиќ останува во Милан, а познати се и деталите од неговото продлжување на соработката со росоњерите. 38-годишниот напаѓач ќе има годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси, што го прави во моментов најплатен играч во оваа екипа, која успеа да одговори на неговите барања иако се соочува со финасиски потешкотии поради кризата која ја наметна панемдијата. Ибрахимовиќ по враќањето од ЛА Галаски во редовите на Милан во јануари годинава успеа да му помогне на тимот да се избори за настап во Лигата на Европа со своите 11 гола на 20 одиграни натпреври и покажа дека годините не се пречка и натаму да игра во добра форма, што му донесе и продолжување на ангажманот во калчолигашот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста