Зрновци, општина пријател на обновлива енергија

Расте интересот на стопанственици кои сакаат да постават   фотоволтаици во Општина Зрновци. Во моментот општината работи на парцијализација на индустриската зона и најдоцна  до јули новите парцели ќе им ги понуди на заинтересираните инвеститори. За почеток околу 5хектари од 6-т категорија ќе бидат резервирани за таа намена..

  • „Станува збор за земјиште кое што со дел е веќе во урбанистички план со намена за фотоволтаици, а останатото е пасишта и категорија од 6-та класа на земјиште, согласно упатствата од Влада и соодветните институции, плодното земјиште да се користи за производство на земјоделски производи„ –изјави Борчо Коцев, градоначлник на Зрновци.

Засега инвестирорите на фотоволтаични централи на општините им плаќаат само комунална такса. Дел од градоначалниците барат и за овие инвеститори, да важи моделот плаќање на концесија како што има во хидроенергијата и рударството. На  овој начин општините ќе овозможат дополнителен финансиски прилив, средства што ќе може да се искористат за подобрување на животот на граѓаните, сметаат градоначалниците.

  • „Општините добиваат само комунална испалта за изградба на фотоволтаиците. Единствено нешто е да се направат измени во одредени закони и се овозможи опшините да бидат корисници на поголеми финансиски бенефити што ќе се обезбедат од поставување на фотоволтаици„ изјави Борчо Коцев, градоначлник на Зрновци.

Засега локалната самоуправа фотонапонски панели има поставено на општинската зграда, спортската сала и детската градинка. За правилно се искористи сонцето планираат изградба на објект чија кровна конструкција ќе биде искористена исклучиво за поставување на фотоволтаици.  .

Зголемувањето на цените на струјата на европските берзи, го зголеми интересот за производство на струја од сонце. Само лани Регулаторна комисија има издадено дозволи за поставување на 267 постројки. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста