Зошто се чешла Финансова полиција? Обвинителите ја тресат документацијата, но што бараат е тајна

Институцијата што треба да сузбива финансиски криминал под лупа на обвинителите. Заврши претресот во Управата за финансиска полиција. Обвинителството за организиран криминал и корупција чека копија од документацијата која била причина да се претресува Управата. Шефицата на Организиран, Рускоска за Алфа вели дека откако ќе ги анализираат документите ќе одлучат дали има причина да се отвори предмет.

Во оваа фаза немаме осомничени. Ќе ја провериме документација, па доколку откриеме нешто ќе отвориме предмет, вели за Алфа, шефицата на Организиран, Вилма Рускоска. 

Кривичната пријава до Обвинителството за организиран криминал стигнала од граѓани а тие само постапувале, но за што засега не се открива.

Од друга страна, директорот Арафат Муареми втор ден е со исклучен телефон, па неговата страна од приказната не можеме да ја слушнеме, а нема ниту официјален став од Управата.

Муареми е дел од друга предистражна постапка на Обвинителството откако Државното правобранителство поднесе кривична пријава за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан. Но од Обвинителството велат дека овој претрес не е поврзан со тој случај.

Во кривичната пријава, Муареми, како тогашен истражител во СЈО, и обвинители од СЈО се товарат за злосторничко здружување со сега веќе осудениот Сеад Кочан, затоа што, носеле одлуки со кои сега е отежната конфискацијата на имотот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста