Зошто државата ги заборава дечињата со церебрална парализа?

Драстично се зголемува бројот на дечиња со тешка телесна попреченост-поради недоволна грижа на општеството тие не знаат што е детството, живеат во 4 ѕида и самоуваат далеку од своите врсници.Деновите се тешки, ноќите предолги,времето не минува велат мајките на дечињата кои 24 часа бдеат над нив.

Претешко е затоа што моето дете има и епилептични напади,секој момент си под стрес дали ќе има напад или не, и не можеш да ја оставиш со секого да ја чува, мора да има стручни лица со неа кои ќе можат да го препознаат тој напад – изјави Анастасија Митреска-мајка на дете со церебрална парализа.

Јас имам ќерка со потешка форма на церебрална парализа и како и сите други деца кои имаат моторичка попреченост воглавно се затворени дома. Училиштата се непристапни, нема соодветна програма за нив,нема дневен центар – изјава Весна Габелоска-здружение ВОПС Охрид.

За дневен центар  требаат многу пари,а и ние како здружение и како локална заедница не сме моќни тоа да ги оствариме-вели Габелоска која во име на сите родители и дечиња со церабрана парализа,решиола да ги земе работите во свои раце.Преки странски донации успеала да добие сретства да се опреми катче каде овие деца ќе се дружат, а ќе добиваат и соодветана стручна помош.

Секое дете има способност и афинитет кон нешто, 20 години работиме со децата со церебрална парализа,ја надминуваме дискриминацијата,но не и негрижата на државата која треба да направи се’ тие да се социјализираат-вела стручните лица.

Има голема бројка,се повеќе и повеќе се зголемува бројот на деца со попреченост, бројката станува загрижувачка а некако многу изгубивме време во правење на некои импровизирани нешта – изјави Александра Сабрас Апостолова –дефектолог.

Последната деценија многу е голем бројот на деца со тешка телесна попреченост,вели Апостолова која сега ќе се грижи за 20-те дечиња кои времето ќе го поминуваат во просториите кои ги обезбеди локланата самоуправа.Целта е велат од таму, труд и социјала да овозможи ова да прерасне во дневен центар.  Дури тогаш ќе можеме да зборуваме заедукација на деца со попреченост во училници со деца без попреченост.Се до тогаш зборот инкузија кај нас ќе го има само во речникот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста