Зошто власта го крие протоколот?

Денеска, заврчера или можеби утре – ќе го дочека  ли македонската јавност, денот Д за да го види протоколот со Бугарија? Сите најави кои стигнаа од министерот Османи паднаа во вода. Македонската јавност со денови и недели очекува ама никако да дочека, МНР да го објави протоколот, кој според Ковачевски е завршена работа и усогласена од двете страни, но на чија штета? 

Бојан Маричиќ денеска повторно беше прашан од страна на Алфа телевизија, кога ќе види бел ден бугарскиот протокол пред македонската јавност, но вицепремиерот воопшто не одговори на поставеното прашање.

Во однос на , ме прашавте за проколот, дали Владата го разгледала предлогот, Владата се уште ги очекува консултациите кои траат секојдневно… вели Маричиќ.

Инаку, Протоколот е заменет со зборот годишен извештај и е всушност записникот од втората меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија. Во протокол се наоѓаат обврските што Македонија ги презела за имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство во делот на историската комисија – говорот на омраза, учебниците, спомениците, отворањето на досиејата на УДБА итн. односно познатите услови „4+1“ барање.

Во новата верзија Протоколите не се споменуваат, но дека станува збор за истиот документ потврдува фактот дека носечки момент е членот 12 од Договорот за добрососедство што практично значи дека еднаш годишно на меѓувладин состанок Софија ќе проверува што сме сработиле, па ако биде задоволна од спроведувањето на Договорот за добрососесдство ќе дозволи да продолжи пристапниот процес. Во протоколот се и записниците од мешовитата историска комисија, што значи дека и доколку власта се согласи историските прашање стануваат дел од преговарачката рамка, наспроти нивните уверувања дека за историјата не се преговара.

Додека македонската влада уверува дека Протоколот со источниот сосед не е дел од Францускиот предлог, бугарската влада го објави уште минатиот месец, а пред да ја напушти функцијата бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска протколот го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста