Знаеме ли што јадеме? ЕУ го забрани, ама Македонците уште го конзумираат: Титаниум диоксид и натаму е додаток во дел од храната 

Титанум диоксид – небезбеден генотоксичен додаток во храната. Европската Унија го забрани за користење, но даде рок за прилагодување, па затоа се уште може да се најде во дел од производите и во Македонија.

  • Ова беше донесено врз база на научни тврдења кои што ЕК ги спроведе, научно се докажани дека можат да делуваат штетно врз здравјето на потрошувачите и заради тоа ние нормално ги примеуваме овие правила кои што веќе ни се објавени и кај нас пренесени, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека според европските регулативи кои се применуваат и овде, храната произведена до 7 август 2022 а содржи останува во продажба се додека и трае рокот на употреба.

  • Ние ја примернуваме оваа легислатива и оние производи кои што се произведени пред овој датум а во себе го содржат овој адитив а уште се со рок на употреба да можат да се искористат но во производството после тој датум воопшто не смее да се најде овој адитив. Да го има, ама се многу мал број и нивниот рок сигурно е поминат, објаснува Бабовски.

Годишно Агенцијата за храна и ветеринарство прави и по 50.000 инспекциски контроли. Оттаму уверуваат дека се што се наоѓа на македонскиот пазар како додаток во исхрана е безбедно и во рамките на дозволените количини.

Сепак, иако титаниум диоксид е забранет во прехранбената индустрија, многу често се употребува и во фармацевската и козметичката индустрија.

Европската комисија во 2021 година и од Европската агенција за лекови побара да направи истражување за влијанието која би го иамло отстранувањето на титаниум диоксид од медицинските производи.  Извештајот покажа дека поради широката примена во фармацевската индустрија, неговата замена ќе трае долго, можно е да предизвика недостаток од лекови и не се знае дали воопшто ќе се најде нешто соодветно за да го замени. Овој процес според извештајот би траел и до 10 години.

Инаку, белиот пигмент на титаниум диоксид го подобрува изгледот и ги прави намирниците попривлечни за купувачите. Oсвен како титаниум диоксид, овој додаток во декларациите на храната, лековите и козметичките производи е означен како Е171.

Aнастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста