Зимницата станува луксуз – пиперката „Ајварка“ се продава и за 60 денари

Граѓаните не се сигурни дека оваа година ќе можат да си направат зимница како претходните. По сите пресметки ни ајварот како основна зимница нема да може да си го дозволат поради превисоките цени на намирниците што се потребни за да се направи. 

Не само купувачите, туку и продавачите се жалат дека не можат да остварат профит бидејќи и тие набавуваат производи по многу висока цена и мора да стават уште повисока за да заработат нешто.

Колку реално чини една тегла домашен ајвар сега кога е сезона на правење зимници? Ако ја направите сами една тегла би чинела околу 160 денари, а ако ја купите во маркет треба да платите oд 200 до 300 денари. Сепак, овде не се зема предвид вложениот труд – правењето зимница е вистинска мака.

Оваа година пиперката „Ајварка“ се продава по 60 денари по кг. Ако се прават пример 50 кг, само за основната состојка се потребни 3000 денари, На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле околу 400 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 700 денари колку што чинат 5 литри. Оттука вкупните трошоци изнесуваат достигнуваат 4.100 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини околу 164 денари, што е повеќе од дупло од претходните години.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста