Земјотрес од 3 степени според Рихтер почувствуван во близина на Штип, стручњаците смируваат

Нема потреба од паника. Штип се наоѓа во релативно стабилна зона, што  значи дека не е со тло за силни земјотреси, објаснува професорот Ѓорѓи Димов, декан на Факултетот за природни и технички науки, при штипскиот Универзитет. Земјотресот  регистрирани во 2.41минута, а по кој следуваа уште неколку афтершокови влегува во категоријата на слаби потреси. Паника кај населението создадоа мобилните телефони кои покажаа магнитуда 4,6 што многу од граѓаните параметрите ги протолкуваа по Рихтеровата скала.

Паника предизвикаа мобилните уреди. По принцип тие не се кодирани на начинот на кој се кодираат сеизмолошките инструменти. Дават поголеми вибрации, поголеми интензитети и тоа предизвикува паника. Може да замислете што се случува додека спиете телефонот да  ви сигнализира земјотрес и притоа да покаже големи параметри, нормално е да се создаде паника, но официјалните податоци не го покажуваат тоа„ изјави проф. Горги Димов, декан на Факултетот за природно-технички науки.

Според податоците од Сеизмилошката лабараторија, епицентарот на  земјотресот со магнитуда од 3степени според Рихтеровата скала е приградската населба Стар Карорман. Ваквиот интензитет и енергија предизвикува само вибрации, но не и инфраструктурни оштетувања појаснува Димов. Постојат неколку правила за тоа како да се заштитиме, но во вакви моменти најважно е да се задржи смиреноста. Треба веднаш да се излезе на отворено и да се избегнува скалишен простор.

Под носечките столбови, под масивни маси, парапети на врати, односно под се она под кое може да се засолними да го избегнеме директното пагање на делови од конструкцијата врз нас„ објаснува проф.д-р Ѓорѓи Димов, декан на Факултетот за природно-технички науки.

Граѓаните веднаш по земјотресот на социјалните мрежи почнаа да споделуват информации од својте мобилни телефони, а тоа беше причина за многу од нив ноќта да ја поминат во страв и на отворено. Според експертите во изминатите десетина години во државата се измерени доста земјотреси со магнитуда од 2 до 3 степени по Рихтер

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста