Земјоделците се организираат во национална мрежа

Индивидуални земјоделци од целата држава се консолидираат во Национална мрежа. Велат, дека нивното обединување е единствениот начин да застанат пред власта и јасно да кажат со какви проблеми се соочуваат. Наместо пасивно користење на мерките, ќе бараат  активно да ги вклучат во креирање на мерките  кои наместо популистички,  да бидат по терк на земјоделците.  

Во овој момент не сме задаоволни од поодржката на држвата. Резултатите се евидентни.Самите резултати покажуват колку е тоа соодветно….Факт е дека ние се соочуваме со недостаток од храна. Гледаме како дивеат цените по пазарите. Имаме капацитет, но потребно е да се креираат развојни економски стратегии„ рече Ѓорги Каракашев, претседателот на Националната земјоделска мрежа.

Во моментот ситуацијата е алармантна, се жалат земјоделците. Бараат пред стартот на сеидбата државата да утврди реалната цена, а производителите да имаат загарантиран откуп.  Сега откупната цена е пониска од производната, што е причина  дел од  земјоделците ги напуштаат нивите.

  „Пред секоја сеидба секој производ треба да има производна цена. НИе тоа го немаме. Цената треба да биде економски исплатлива, за да може да преживееме„изјави Здравко Арсов,оризопроизводител од Облешево

Почнаа да ги копачат лозјата. Видете до каде стигнавме. Ги оставаат ниту се враќат, ниту се кроат. Лозарството, како и сите други гранки умира„ изјави Тане Гошев, лозар од Тиквешијата.

И денеска додека во Облешево се презентираше Националната земјоделска мрежа, неколкумина оризопроизводители добија покана да дадат исказ во Основниот суд во Кочани. За нив повторно  е отпочната прекршочна постапка, поради тоа што на последиот протест не го почитувале Законот за јавни собири. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста