Земјоделците бараат повисока откупна цена за пченицата

Повисока откупна цена за килограм пченица, бараат земјоделците пред самиот старт на новата жетва. Моменталната откупна цена за нив е неисплатлива. Со зголемување на тршоците за производство  сметаат дека житото треба да се наплаќа минимум 20денари по килограм.

 „Сега е падната на 14-15 денари. Меѓутоа тоа е ниска цена, се останато се зголеми, репроматрејали, ѓубрива, нафтата се исто качи. Есента кога ја сеевме, цената на нафтата беше 110денари за литар„ изјави Гоце Сарафимов, потпреседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион годинава очекуват богата жетва. Планираат да ожнеат по околу 4тони од хектар, за разлика од лани кога родот беше преполовен. Интензивните врнежи од дожд го зголемија родот, но  е и причина за појава на многу болести.

„Очекуваме да имаме добри приноси, бидејќи мај целиот месец врнеше дожд. Се појавуваат болести. Есента имавме некои болести и тоа не е добро. Се користат пестициди  и сега во овој период кога е голема паак ќе треба да ја прскаме„ вели Сарафимов.

 Годинава со пченица се посеани 76.213 хектари. Иако Македонија важи за земјоделска земја, годишното производство не ги задоволува потребите за пченица кои се од 310 до 330 илјади тони, па затоа се увезува, најмногу од Србија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста