„Зелникот на баба“ по десетти пат во Пробиштип

Зелници,банички и слатки,правени по традиционалните рецепти, на едно место ги собра сите вешти жени од државата. Денеска во Пробиштип по десети пат се одржа позната манифестација ” Зелникот на баба”.

“Многу е убаво овде! Можност да се  дружиме ние луѓето од трета доба. Специјално за оваа пригода усукавме зелници,направивме слатки,банички. Се надеваме дека ќе им угодува и на најистенчените сладокусци”велат учесничките во манифестацијата Шеснаесет групи на домаќинки од исто толку општини промовираа месени работи, традиционални за нивните градови. Освен гости од целата држава, имаше посетители и од Србија и Бугарија.

“Традиционално, овој настан Пробиштип го организира за повозрасните граѓани,но секако и сите оние кои доаѓаат во Пробиштип. Она кое што се пренесува од години во години традиционалниот зелник во Пробиштип и од Лесното. Еве не денес на градскиот плоштад меѓу наши сограѓани и огромен број на посетители” изјави Драган Атанасов, градоначалник на Пробиштип.

“Имаме 23штанда на кои се нудат преубави зелници и специјалитети од тесто. Се продаваат,а собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели” изјави Раде Илиевски организаторот на манифестацијата. 

И годинава десетина домаќинки се натпреваруваа во вешто суќање,а  зелниците ги печаа под вршник.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста