Зеленски во посета на Лондон – ветување за виоена помош но не и за авиони

Велика Британија вети дека на Украина ќе и даде стотици проектили и дронови во обид да го промени текот на војната. Ветувањата се дадени за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велика Британија. Тој во понеделникот допатува во посета на Лондон, во рамки на неговата европска турнеја со цел да обезбеди ново оружје за контраофанзивата против Русија.

Зеленски се сретна со британскиот премиер Риши Сунак. Тие разговарале и за барањето на Украина западот да и даде борбени авиони. Велика Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина откако украинската војска навести дека би била среќна доколку користи ф-16, изјави денеска портпаролот на премиерот Риши Сунак. Кремљ соопшти дека русија ја гледа одлуката на Британија да и достави повеќе воена опрема на Украина „крајно негативно“, но дека не верува дека помошта на Лондон ќе го промени текот на конфликтот

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста