Здружението на пензионери бира нов претседател – Им затвори врата на медиумите и на насобраното членство

Дрско кон новинарите и кон останатите од членството затоа што инсистираа на транспарентност – вака денеска се однесуваа од Здружението на пензионерите за време на изборот за нов претседател. Не сакаа да даваат изјави и ги затворија вратите. Насобраните членови се незадоволни од тоа како им се трошат парите, а се пожалија и оти тешко ја живеат староста со наталожени проблеми.

Вжештена атмосфера и викотници пред зградата на Здружението на пензионерите на Македонија во пресрет на изборот за нов пензионерски лидер. Највозрасните граѓани кои се собраа од секаде, бараат процесот за избор да биде транспарентен и да се работи за интересите на пензионерите, а не само на мала категорија луѓе блиски до актуелното раководство.

  • Незадовоството ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и организирање протест пред седиштето на СЗПМ, со поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на ваквиот процес на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари, велат револтираните пензионери.

Пензионерите се револтирани зашто не знаат каде се трошат нивните пари, кои секој месец им се одбиваат од нивните сметки, плаќајќи чланарина

Медиумските екипи побараа став од актуелното раководство на Здружението на пензионерите, ама од таму наместо одговор, ни затворија врата.

  • Не може да влезете, претседателката нема време за вас, ни кажа да ви кажеме да си одите, рекоа оние кои цел ден пред врата ја чуваа претседателката Станка Трајкова, која не сакаше да даде изјава. Иако затворена во нејзината канцеларија, не се ни оѕва на нашите повици.

Според незадоволните пензионери, проблемот бил системски, односно се должи на фактот што не постои прецизно правило за ограничување на мандатот, односно не е јасно колку пати може едно исто лице да биде избрано за претседател на здружение на пензионери.

Враќани беа и пенионерите кои со нивни пари се финансираат здруженијата.

  • Оди си, нема време за тебе, така ни кажаа да ти пренесеме, му кажа обезбедувањето на еден пензионер кој дојде да се консултира со ченството кое цел ден беше затворено во канцалариите.

Паралелно, од денеска започнува исплата на мартовските пензии, по нова зголемена сума. Пензионерите не се задоволни зашто трошоците за живот заминале до плафон.

  • Како може да сме задоволни. Инфлација висока, скап живот. Парите не стигаат за ништо, ни за лекови, а камо ли за нормлана живачка, се пожалија пензионерите.

Од март пензиите се поголеми за 8,4%, а трошоците на живот во февруари годинава биле поголеми за 16.7% во однос на истиот месец лани.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста