Здравствените работници се закануваат со нов протест

Синдикалците со нов рок и закана за протест. Или до среда потпишан договор за повисоки плати или нови протести на здравствените работници.Независниот синдикат за здравство ќе чека уште три дена здравствените власти да го исполнат ветеното од пред 4 месеци по 3000 денари месечно повеќе за сестрите и по 2000 за сите останати вработени во јавното здравство. Револтот на медицинскиот кадар е уште поголем зошто со растот на минималната плата речиси се изедначуваат примањата на хигиеничарка и сестра со средно.

  • Очекуваме најдоцна до среда да ни се презентира што договориле, доколку тоа не се случи, во четврток во 11:55 ги повикуваме сите членови во Синдикатот и сите вработени во здравството, кои нема да бидат вклучени во работниот процес на тој ден, да бидат присутни на протестот, за да го искажеме нашето незадоволство за несериозниот пристап кон сериозно прашање, рече Каранфиловски.

Доколку немаат позитивни сигнали од Министерство за здравство, се заканија и со други мерки.

  • После протестот ако немаме позитивни сигнали, во смисол не потпишување на договор тогаш ќе примениме и други радикални мерки.Можам само да кажам дека поддршката ја имаме од сите синдикати на Македонија, изјави претседателот Љубиша Каранфиловски.

Со барање за покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, синдикатите минатиот месец излегоа на протест пред Клиничкиот центар и ГОБ ,,8 Септември” во Скопје, како и во други градови низ државата.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста