Здравствениот систем пред пензија – секој четврти лекар има над 60 години

Македонското здравство оди во пензија. Една четвртина од лекарите се на возраст над 61 година.

Системот веќе се соочува со недостаток на кадар, проблем кој само ќе се влошува. Од Лекарската комора за Алфа велат дека од вкупно 9.520 активни лиценци, 2445 се на лекари кои имаат над 61 година.

Лекарите кои ги исполнуваат условите за остварување на правото на старосна пензија, може да продолжат да работат доколку имаат лиценца за работа, со регулирање на нивниот ангажман во здравствената установа, велат за Алфа од Лекарската комора.

За споредба, ако еден лекар, денеска започне со специјализација, во идеални услови, каде што ниту би се разболел, ниту би користела породилно отсуство, или би бил спречен од други причини, во зависност од специјализацијата, истата би траела во просек 6 години.

-Во моментов имаме присутни и активни нешто помеѓу 1000 и 2000 сепцијализанти. Ако бидеме реални и искрени ниту една бројка нема да биде ниту реално ниту доволна. Можеме да кажеме дека паметното нешто што може една држава да го направи е стратегија . Тоа подразбира правење на една анализа каде најмногу е потребна и која специјалност најмногу е потрбна во една држава. Гледаме константен одлив на лекари кои што се од групата на уролози.Oртопеди се многу тешки да ги најдеме какко дел од здравствениот систем…Ендокринолози нема, радиолози нема, хирурзите стануваат дефицитарна бројка. Значи согласно тоа треба да се отвораат специјализантски места а согласно тоа треба да има и соодветни ментори кои на крајот од денот ќе го пренесат своето знаење на помладите колеги, вели Д-р Бојан Трајковски.

Ситуацијата не е подобра и кога станува збор медициснките сестри, техничари и останат медицински персонал. И нивното знаење и искуство се почесто ќе го добиваат пациентите надвор од Македонија или пак во приватните здравствени установи, а и таму наскоро ќе нема кој и на кого да го пренесе знаењето.

-Кога сакаме да зборуваме за миграција и одливањето на сестрите не можете да зборувате само за одлевањето на сестрите во соседните земји и регионот по подобри услови . Ние имаме ситуација на нарушено достоинство, неплатени ,непризнаени, непрепознаени . Едноставно незадоволни од општествениот статус. Тоа е 4 „Н“ кое ние во Унијата го викаме како основни причини поради кои сестрите си заминуваат во странство и масовно сега заминуваат во пензија, бидејќи со еден времен закон за време на ковидот беше забрането да се змаинува во пензија и сега сите кои што ги остварија можностите за пензионирање, оваа година повеќе од 80 сестри се пензионитра, вели Гордана Бешлиоска – претседател на унија на здруженија на медицински сестри, техничари, акушери и стоматолошки сестри „За нас“

Но покрај пензионирањето, одливот надвор од гранците и во приватниот сектор  ќе остави сериозни последици врз и така кревкиот здравстевн систем. Според Трајковски, административните лавиринти и партизацијата за докторите се поголем проблем од висината на платите.

-Најодговорно тврдам дека како млад лекар, со контакти со многу колеги, специјализанти, како и оние помлади колеги кои што работат, за нас најголем проблем се административните потешкотии, времето на чекање за таа работна позиција, платата и висината на платата е проблем и не можам да го негирам но не е круцијален и не е она кое што нас не тера да заминеме. Не тераат големите административни лавиритни, не тераат големите различни правила кои што ние треба да ги исполниме за да дојдеме до одреден тип на вработување и што е најтрагично онаа партизација која што за жал е присутна во здравството и каде што голем дел од колегите кои што треба да бидат вработени за жал не го добиваат своето работно место. И тоа е години години од како постоиме како држава, вели Трајковски .

И за медициснките сестри проблем се административните лавиринти, но и немањето на закон со кој би се регулирала нивната дејсност. За разлика од докторите, медициснките сестри немаат ниту своја комора па така не можат да бидат пребројани и евидентирани. Плата и понатаму останува проблем, бидејќи почнуваат да работат за плата која е едвај над минималецот.

-Последните покачувања и линеарни и по основ на додатоци ги одалечија медицинските сестри од лекарите по основ на коефициент на еден према три а по основ на додатоците како што се дежурство на 1 спрема 5. И дојдовме во една ситуација, ликот делото имиџот, работата одговорноста на медицинските сестри ги донесеме до степен медицинските сестри од сите начини си бираат да си заминат од болниците и тоа ќе биде голем проблем, вели Гордана Бешлиоска – претседател на унија на здруженија на медицински сестри, техничари, акушери и стоматолошки сестри „За нас“

А проблемите се редат еден по еден. Алармите се праќаат но како никој да не ги слуша. Во изминативе 6 години се сменија 4 министри за здравство од 3 различни партии а не се направи ниту една национална стратегија која ќе ги реши горливите проблеми во здравствниот систем.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста