Зборовите на Милков како да не ги слушнале: МНР демантира јасни зборови на новиот шеф на бугарската дипломатија за нов документ за Македонија

Новиот документ за условите кон Македонија бил шпекулација за Министерството за надворешни работи. Преку официјално соопштение од таму велат дека немало да има нови обврски за државава, туку оние кои веќе ги имаме сега Бугарија ќе си ги напиша на нов лист хартија.

-Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори. Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, велат од МНР.

Ова соопштение на МНР доаѓа како реакција на изјавата на новиот шеф на бугарската дипломатија Николај Милков, кој порача дека ќе мора да има нов документ за спорот со Македонија, велејќи дека мора да има конкретно на хартија што Македонија треба да исполни.

-Во нашите односи со Македонија, ние сме во фаза кога пред се мора да организираме координација на различни институции. За ова треба да донесеме писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различни институции, организации во однос на тоа што ќе да се направи во иднина во нашите односи на Македонија, за да се постигне систематски пристап, јасно да се напишат задачите и одговорностите, за да може да се очекуваат и резултати, изјави Милков.

Првиот услов кој мораме да го исполниме кога се бугарските барања во прашање, е промената на Уставот и внесување на Бугарите во истиот, доколку сакаме реално да ги започнеме преговорите, а не да останеме само на прва меѓувладина конференција за сликање.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста