За 7-годишниот Македон слушна светот, а Македонија нема соодветен образовен систем за неговиот талент

Сегашниот македонски наставен систем нема соодветни програми или служби за талентирани и надарени деца, како седумгодишниот Македон од Тетово кој е математички гениј со 134 коефициент на интелигенција, за чии напредни способности објавија балканските и светски медиуми. 

Родителите барале, но не нашле посебен систем што ќе ги артикулира талентираните деца како Македон и ќе им даде насока за образованието.  Редовната настава нема доволно кадар за поголемо внимание за таквите ученици. Тој е второ одделение, но таа настава му е здодевна, па за омилениот предмет математика оди на приватни часови за да решава задачи за средно образование.
 
„Нема никаква помош и нема никаква насока како да ние се справиме. Едноставно баравме начин да не упатат они на кој начин ние да му помогнеме на Македон, на кој начин да му помогнеме во неговото образование. Добивме препораки да ангажираме свои професори што би биле по математика или друга област што би му помогнале и на тој начин сега работиме“ – вели родителот Владимир Димитровски.

Во ваква ситуација општество само може да биде гордо на вакви генијални умови, но универзитетите, Академијата и Министерството за образование мора да најдат начин за посебна поддршка или грижа за извонредни ученици како Македон, препорачуваат професорите..


„Во моето долгогодишно работење како професор сум имала талентирани деца, вакви не. Пример од област на јазикот и така. Сум ги насочувала и голем дел од нив токму тоа го одбрале како идна професија. Овде се работи за нешто исклучително, и мене многу мие жал затоа што ваквите исклучителни деца секој пат ќе ни завршат во странство затоа што другите држави умеат да го препознаат и да го вреднуваат нечиј ум„
– вели професорката Ружа Ѓорѓевска.

На оваа возраст потребна е поддршка од психолози и педагози, а потоа соодветно стручно тело да му помогне да ги искористи способностите.


„Сепак не треба да му одземаме од детството негово, треба да се разива како и сите останати деца, но да му дадеме можност тој талент да се искористи и за него и за добробит на државата“ –
вели Ѓорѓевска.

Македон доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници, говори неколку јазици, го интересира и ја изучува науката за ѕвездите,за еден час ги има ги има научено кинеските броеви до милион, па заслужено го и има и епитетот генијалец.  

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста