За 4 закони поврзани со коридорите власта уште не собрала 61 пратеник да ги гласа

Законите за Бехтел и Енка, кои според владејачкото мнозинство ќе придонесат за побрза реализација на проектите коридор 8 и 10д, а според опозицијата ќе придонесат за поголем криминал и корупција, утре или најдоцна до понеделник, ќе стапат на сила…. Според Вмро-Дпмне, не само што се оштетува буџетот, се нарушуваат работничките права, и ќе се номинира изведувач на проект без претходно распишување тендер, туку е oштетен и интегритетот на пратениците кои ставиле потпис на ваквите предлог закони… Штетата што ќе се нанесе велат, ќе ја чувствуваме во следните 6 – 7 години. Од владејачкото мнозинство се правдаат дека слични закони и договори се носеле и потпишувале и во 2013 година, од тогашната владејачка Вмро-Дпмне… Опозицијата е децидна дека ова е можеби најголемиот проект но исто така најскандалозниот проект, бидејќи не само што се спорни речиси сите закони кои се носат по теркот на она што е договорено, туку и фактот дека, и пратеници од владејачкото мнозинство, кои воопшто не го виделе договорот, ќе гласаат за законите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста