За функционерите 78% повисоки плати, а за граѓаните скренирани сметки – 11.612 работници само во март останале без плата, откри УЈП

Газди оставиле нешто повеќе од 44.000 работници без плати за февруари и март – на работодавачите им се заканува блокирање на сметките, зашто не го почитувале Законот, алармираат од Управата за јавни приходи.

За функционерите 78% повисоки плати, а за граѓаните поголем ќар од скенирани сметки. Дури за 100 денари месечно. Среде криза, почна да важи владината мерка со која треба да им се помогне на граѓаните по основ на поврат на Данок на додадена вредност. Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на брифинг со медиумите потврди дека на сметките на граѓаните кои скенираат, од наредниот месец ќе им се исплати новата сума, која наместо досегашните 1.800, ќе изнесува 2.100 денари за едено триимесечје.

Но она што откри е и дека голем дел од граѓаните имаат проблем со редово земањер плата. Само во март 5.716 работодавачи не поднеле електронска пријава за плата, па така 11.612 вработени во март останале без денар на нивната сметка, откри УЈП.

  • Во месец март регистрирани се 69.156 работодавачи со 555.161 вработени. Од нив 56.073 исплатиле плата, а 5.716 работодавачи за 11.612 вработени не испратиле плата за третиот месец од годината, рече Лукаревска.

Меѓу оние кои не зеле плата се и вработените во АД Водостопанство. Станува збор за 600 лица кои немаат плата, ниту здравствено и пензиско осигурување, а сметката на претпријатието е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денари. За ова аларм испарти опозициската ВМРО ДПМНЕ, која реагира дека директорот Локман Лимани во вакви услови испратил 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција.

  • Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, директорот наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција. За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието, се со цел преку заплена на истите, Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од граѓаните кои ќе скенираат, функционерите со последната одлука на Уставниот суд добиваат можност за покачување на платите за дури 78%. По бурните реакции во јавноста, владата најави дека ќе има законски измени за намалување на коефициентите. Но освен најави, засега нема ништо поконкретно.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста