За сериозни дијагностики термин преку „Мој термин“ е еднаков на лотарија

Пациенти се “осудени” да чекаат и до шест месеци само да дојдат до термин за ехо на дојка, компјутерска томографија,мамографија и магнетна резонанца. Слободни термини на “Мој термин” има,но во зависност од здравствената услуга која што ви е потребна, чекањето нема да биде покусо од два до три месеци. Докторите тврдат  дека играат брзи прсти, а и за итните случаи невозможна мисија е да се закаже снимање, па голем дел од пациентите одат на приватно.А тоа ги чини и до 18.000 денари, кои ги вадат од својот џеб.  Но не е проблем само терминот за снимање. Пациенти меѓу кои и малигно болни со месеци чекаат некој да им ги прочита резултатите.

Има и такви кои успеале да добијат приоритетен термин за снимање.

Во следниве неколку недели нема термини ниту за гастроскопија, колоноскопија и ректоскопија. Ниту еден слободен термин нема ниту за пет скен.

Инаку, владината програма во 2017 година предвидуваше замена на системот „Мој термин“, со друг, кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно утврдени рокови и обврски. Од оваа програма останаа само долгите рокови за чекање.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста