За само 100 дена потрошени 26.000 евра: Премиерот Ковачевски во скап „лов“ на лајкови на Фејсбук и Инстаграм

26.000 евра за 100 дена за лајкови на Фејсбук и Инстаграм. Нешто помалку од една минимална плата, 260 евра дневно се трошат за кревање на рејтингот на Димитар Ковачевски последниов период.  

Во пeриодот од 22 ноември 2022-ра до 28 февруири годинава за спонзорирани објави на премиерот потрошени биле речиси повеќе од 24.000 евра. Нешто повеќе од 16 се платени од дисклејмерот Димитар Ковачевски, додека нешто повеќе 7.300 од дисклејмерот СДСМ.

Според истражувањето на ИРЛ најмногу премиерот потрошил за покана да ја посетите негова фан страна на Фејсбук, 4.000 евра. По 600 евра се потрошени на уште четири реклами, но никаде не се промовира некоја владина политика или успех на власта.

По се изгледа ова покажува дека цела продукциска машинерија и гломазниот Пи-ар тим во Владата од речиси 40 луѓе деноноќно работи колку е можно да продадат приказна дека успешен премиерот, чиј рејтинг од ден во ден тоне се повеќе и повеќе, поради неуспесите на владата на секое поле.

Еден од рекламираните објави е видеото од новогодишната честитка каде премиерот е заедно со сопругата и децата седат на кожен тросед, а во дел од видеото се спремаат и вкусни колачиња.

Во другото видео премиерот пак на деца без родители им подарува таблети и ги прашува дали им се допаѓаат или пак можеби не.

Во уште еден пост платен 600 евра се фали со автопатот Охрид- Кичево, кој се гради веќе девет години, а последниот видлив напредок го нема со години.

Премиерот Ковачевски се правда дека парите кои биле потрошени, не биле државни пари, туку пари биле партиски пари, а на материјалите работеле луѓе кои не биле вработени во Владата.

Преку страницата на премиерот вкупно се потрошени 34.520 евра во период од две и пол години, од 4 август 2020 до 25 февруари годинава. Од оваа сума речиси 70% се потрошени само во последните 90 дена.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста