За оние кои трошат малку речиси исти сметки, за оние кои трошат повеќе повисоки

За оние кои трошат малку речиси исти сметки, за оние кои трошат повеќе повисоки. Регулаторната комисија ја намали цената за првите два блока, а ја зголеми за вторите два. Од 1 јануари ќе има и поголемо ДДВ, наместо 5, 10%.

Кога се ќе се одземе и собере оние кои досега плаќале просечна сметка од 2000 денари, повторно ќе плаќаат исто. Но, за да не влезете во поскапите блокови ќе мора да перете, готвите и да ги извршувате сите други домашни обврски во евтина струја односно после 22 часот.

Зависно од потрошувачката, за тие што се во прв блок нема да има промена .99,2 проценти од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку домаќинствата продолжат да штедат многу мал процент од нив ќе имаат зголемени трошоци за електрична енергија, рече Марко Бислимоски .

За прв блок  досегашната цена  беше  7 ,72 за киловат сега ќе биде 7,41 во втор блок 8,08 денари  сега ќе е 7,84 денари, во третиот блок ако била 8, 66 сега ќе е 8,74 денари, а во четврти блок 17, 48 сега ќе е 18,81. 

Речиси иста останува евтината струја , тарифата од 3, 99 денари за киловат час сега е 4 денари.

Промени има во износот на мрежарината, односно давачката за пренос и дистрибуција. Од 3,3 денари колку што изнесуваше, сега се намалува на 2,68 денари.

Телоп

БЛОК ТАРИФИ                 киловат часови                             2022                                            2023

Прв блок                                        0-210                                     7, 72                                              7,41

 Втор блок                                      210-630                                 8,08                                               7,84

 Трет блок                                     630-1050                                8,66                                               8,74

 Четврт блок                                   1050                                     17,48                                              18,81               

Од 1 – ви јануари најголема промена кај сметките за струја ќе има кај малите потрошвачи и компании.  Индустриската електрична енергија поевтинува за речиси 20 отсо. Од 17, 19 денари , цената за киловат се намалува на 13, 73 а во ноќната тарифа од 13, 51 на 10,78 .

Вкупната цена се намалува за 20,15 отсто. Оваа цена ќе се применува за 70 илјади компании во државата, компании кои се соочуваа со зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се мали и микро компании – мали продавници, фризерници, мали кафулиња, компании на кои им треба оваа помош“, кажа Бислимовски.

Според информациите од РКЕ, над 60 проценти од граѓаните се во прв и втор блок , во третиот блок се околу 20 проценти од граѓаните, а останатите во четвртиот блок.

Последното поскапување на електричната енергија беше во просек за 7, 4 проценти кога беа воведени и блок тарифите.

Инаку за да се покријат овие цени на струјата, поради малото домашно прозивдство односно нецелосното функционирање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, Електрани на Македонија во просек трошат по еден милион евра за увоз на скапа струја, а парите за ова ги добиваат од државниот буџет што значи повторно од џебот на граѓаните.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста