За критика на министер на распит во полиција

Политички притисок бидејќи министерката се обидува со помош на моќта која ја поседува, преку министерството за внатрешни работи да изврши притисок, цензура на слободната уметничка мисла и да се справи со своите политички неистомисленици, истакна Васко Мавровски од Битолскиот народен театар, кој вчера беше повикан во полициска станица, затоа што ја критикувал министерката за култура на Fејсбук.

– „На моето семејство генерации уназаза овие удбашки и фашистички методи ги применувале службите и имајќи го искуството и имајчи тоа веројатно во мојот ген, ваквите испади од страна а министерката Бисера Костадиновска Стојчевска можат само да ме мотивираат да продлжам да работа, да ја критикувам.“ – Изјави Мавровски.

Инаку, вчера во 21:30 часот полициски службеници побарале од актерот под итно да го напушти театарот, за време на проба, со цел да дојде во станица на информативен разговор, а настанот се случил пред публиката. Мавровски вели дека министерката за култура го пријавила затоа што се чуствувала загрозена за својот живот од неговата Фејсбук објава, каде тој напишал дека очекува шефот на РЕК Битола да им подари кабел и додава дека претстава без светло не се игра.

– „Се чуствува загрозена за својот животот и животот за своето семејство од продлжниот кабел кој јас го споменувам во мојот пост, кој во меѓудругото не се однеусва апсолутно на никаква закана. Значи таа, во нејзиниот пост, кој јас го коментирав, има напишано дека успеала да организа 120 настани и да заштеди електрична енргија 35%. Ова за првпат ми се случува во мојата кариера, некој да ги оценува уметничките настани по заштеда на енергија, а не по кавалитетот кои истите го поседуваат.“ – Истакна Мавровски.

Тој додава дека постојано ја критикува работата на министерката и оти тоа нема да се промени.

Од министерстото за внатрешни работи, за Алфа велат дека станувало збор за предупредување, а тие постапувале по пријава, додека пак од култура потврдуваат дека имало пријава, бидејќи според нив, секој имал право да побара заштита од институциите, а министерката била изложена на изјави и содржини кои излегуваат од нормите на слободно на изразување.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста