За компаниите во ТИРЗ проблем е скапата струја, но нема да има отпуштања – за овој месец најавени три нови инвестиции

Скапата индустриска струја претставува проблем за работењето на компаниите од технолошко-индустриските развојни зони, но тоа барем засега нема индикации дека постои ризик или проблем во снабдувањето со гас кај фабриките. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, која рече дека нема најави за намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените. Напротив, рече компаниите имаат потреба од нови работни места, а за овој месец се најавени и три нови инвестиции.

  • Засега нема никакви индикации дека постои ризик или некаков проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). И поради скапата струја моментно нема најави за евентуално намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените, рече Деспотовски.

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте, а месечната анализа покажува дека во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години.

  • Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до сега 1600 наши сограѓани се вработиле во овие компании. Ова не се само бројки и статистики, туку се реални ефекти од новиот концепт на ТИРЗ кој се фокусира на инвестиции кои носат додадена вредност и добрата деловна клима во државата“, изјави Деспотовски.

Само во септември во компаниите во зоните се отворени над 300 нови работни места, со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.600.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста