„За или против“ со Ламбе Алабаковски и Антонио Димитриевски

Како сега се живее во Македонија – прашање на кое одговараат Ламбе Алабаковски, македонски пејач и Антонио Димитриевски, новинар и уредник на Вистина.мк.

„Не сум „За или против“. Не сум за западниот амерички систем.Тоа дека функционира државата или секој може да добие правда е така. Таму. Тука, можеме да видиме како пример се дава на младите – Никаков. Се повеќе млади се иселуваат и бараат подобро утре. Тоа е еден поразителен момент кој допрва ќе не порази. Ниту таму не цветаат рози, те чека нов почеток од нула. И таму секогаш си гостин со потекло од Македонија. За тоа се бореле претходните генерации“ вели Ламбе Алабаковски – пејач.

Светски тренд е иселувањето, кај нас разликата е суштинско и есенционално, дополнува Димитриевски.   

„Неможам да споредам со Америка, но со еден друг систем кога сум роден, можам. Иастите луѓе во различен систем различно функционираат. Бевме сведоци на се до сега, бевме сведоци на распадот на тој систем. Сите тие луѓе кои со друг карактер, сега може да земе пушка да убие половина село. Општествените економските услови и медиумите и се она што може да влијае врз човекот, од него може да го извади ѓаволот или најдоброто, трето нема, “ коментира Антонио Димитриевски – новинар, уредник на Вистина.мк.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста