„За или против“ – Опозициската коалиција е едногласна

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, вели дека опозициската коалиција е во постојана координација и со усогласени ставови.

  • „Сметам дека јавност е доволно запозната со ставот на опозицијата. Имавме координација, средба на која што уште еднаш прецизно ја дефиниравме нашата положба и му дадовме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицсковски за средбата со премиерот.“ – Истакна Димовски.

Тој појаснува дека немаат ништо против бугарите, туку оти бараат реципроцитет. Димовски го поддржува барањето на Мицковски, Бугарија да ги спореведе пресудите на судот за човекови права во Стразбур.

  • Бугарија треба да спроведе 13 пресуди, еве од тие 13, барем 3. Ние немаме ништо против. Но, врз основа на реципроцитет. Тоа е само мал дел, спроведување на тие судски одлуки.“ – Појасни Димовски.

Тој додаде дека ако се внесат бугарите во македонскиот Устав, оти мора и Македонци во Пиринска Македонија да бидат признаени и да добијат права.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста