„За или против“: Македонија доцни со инфраструктурните проекти во споредба со регионот

Во вечерашната емисија „За или против“ на телевизија Алфа гостуваа универзитетскиот професор Лазар Јовевски и Благоја Ралповски, претседател на Кофедерацијата на слободни синдикати. Во однос на актуелната тема за изградба на коридорите 8 и 10Д, соговорниците се согласија дека Македонија доцни со инфраструктурните проекти во споредба со земјите од регионот.

  • „Овој проект го гледам од два аспекти, првиот аспект како граѓанин кој што сака неговата земја, да оди напред и да се развива и  секако се што е поврзано со инфраструктурни инвестиции, со изградба на патишта, со поврзување, со забрзување на економските процеси секако за мене е добредојдено, но , сметам генерално дека Македонија задоцнува со овие проекти, барем во однос на регионот. Значи веќе и Албанија, Грција секако, Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, се тоа и децении пред нас, и останативе земји што ги набројав, па дури еве и Црна Гора  е во тој дел доста активна во тој дел, со некои нови автопатишта, кои ги прави во овој дел. Ние некако застанувавме во овој дел, можевме подобро, побрзо, порано, требаше тоа да го направиме, сите се надевавме, сите очекувавме инвестиции во овој дел многу порано,  но, тоа не се случи“ рече професорот Јовевски.

Од друга страна вели Јовевски, актуелно е прашањето и од каде ќе увеземе работна сила која ќе работи на овие коридори.

  • „Вториот аспект е мојот стручен-професионален аспект, а тоа е што ќе случува во однос на работните односи.  Кои луѓе ќе работат таму, нели актуелно беше увозот на работна сила. Дали ќе бидат вклучени македонските градежници во работниот однос или ќе бидат странци, па ако дојдат под кои услови ќе работат, дали ќе ги уживаат сите права, согласно законот за вработување на странци, согласно законот за работни односи..Така што во тој контекст, и те како,  будно ја следам оваа проблематика, сите овие аспекти. Тоа ме интересира и тоа не е ништо ново, и претходно имало инвестиции во овој дел, досега сме имале помалку или повеќе позитивни искуства за разлика од компаниите кои ангажирале работници од Македонија“ вели професорот Јовевски.

И претседателот на КСС, Благоја Ралповски на иста линија со Јовевски.

  • „Ние доцниме,изгубиме драгоцени години, во овие 6-7 години требаше да направиме добра инфракструктура, затоа што инфраструктурата е еден од основните параметри за раззвој на стопанството и економијата“ заклучува тој.

Но тука доаѓаме и до моментот на злоупотреба на работничкиот труд, подвлекува Ралповски.

  • „Одамна знаеме дека немаме работна сила во градежништвото.  Претпоставувам дека ние немаме доволно работна сила за изградба на овие автопатишта, освен за основни дизички работи, во тој дел ќе биде увезени. Од каде и како незнаеме сега, но, за автопатите е пропишано дека работниците на автопатите треба да работата 60 часа. Но за вас е важно тоа што го утврди и Уставниот суд дека тоа е надвор од законите и дека тоа е злоупотреба на трудот, но ќе видиме дали ќе се придржуваат во однос на тоа и на одлуката на Уставниот суд, или повторно ќе има злоупотреби“ рече Ралповски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста