„За или против“: Години на политичко насилство во Македонија

Во однос на истржувањата на јавното мислење, сметам дека и без анкети е јасна ситуацијата уште по локалните избори, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во гостување на ТВ Алфа во емисијата „За или против“.

  • „На претходните изборни циклуси, особено во 2021 година, дека оваа власт не се обраќа кон своите гласачи туку кон меѓународната заедница, како да вели, ние ќе направиме се што сакате само да останеме на власт. Прво ќе сакаат да го сменат уставот, да наштетата на Македонија и на опозицијата, се да се покажат пред меѓународната заедница, ќе направиме тоа што сакате бидејќи и е јасно бидејќи им е невозможно да успее, се одело и на договор со Алијанса за Албанците и ДУИ, меѓутоа и тие си имаат свои барања. Третата е да има претседателски избори, па да се оди со победата на претседателските избори доколку би победиле да се префрли еуфоријата и на премиерските.. Четвртата опција, кога пропаѓаат сите претходно, да притиснел некој за да се формира контракциона влада и они би биле пак дел од власта “

На нашите анкети, што ги прави ИПИС, не го покажаа тоа, меѓутоа другите агенции објавија дека имаат предност од 15-20 пратеника, па што е проблемот да има избори прашува Божиновски. Дополнува дека владејачката СДСМ така само го мотивира сопственото членоство да работат во нивна корист за изборите кои следуваат.

  • „Наместо да го потпишаа тој Бугарски договор да излезеа и да кажат ќе има избори бидејќи ние немаме мандат да го направиме ова. И ако стануваше збор за некој чесен пораз тогаш, сега е доцна. Но и тогаш и сега тоа е патеката по која се движат, не добробит за мнозинството туку добробит само за себе без разлика што понатаму ќе се случува со партијата“ вели Божиновски.

Во однос на формирањето нова влада во Бугарија, Божиновски е дециден дека ова е привремено решение бидејќи веќе на повидок, следната година се нови избори кај источниот сосед.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста