Започна рушењето на дивоградбата пред Мавровка

Откако владата го задолжи Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, започна рушењето на дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка во Скопје.

Јавното претпријатие за урнувањето на објектот ќе наплати од општина Чаир.

Вчера и Министерството за внатрешни работи извести дека против градителот е поднесена кривична пријава за бесправно градење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста