Започна имплементацијата на проектот „Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид“

Иницијативата за проектот е во рамките на „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС). Шестмесечната иницијатива во рамки на проектот е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на општина Охрид.

Тимот кој ќе раководи со оваа иницијатива е д-р Никола Ѓоршоски, доктор по политички науки, Елена Ристеска, дипломиран политиколог и магистрант на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек „Односи со јавност во политика“, Жаклина Угриновска, дипломиран архитект и магистрант на Архитектонскиот факултетот во Скопје и Вахид Мемед претстедател на „Инклузија“ и младински работник.

Ни претставува особена чест и задоволство денес пред јавноста да ја промовираме и презентираме шест месечната иницијатива насловена „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ кој ќе ја имплеменитира Здружението „Инклузија“ со помош на проектот Поддршка на изборните реформи во Македонија, Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни реформи (ИФЕС), а грантовите ги аминистрира МЦМС, вели претседателот на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“.

Основната цел на иновативната иницијатива е транспарентноста и граѓанската партиципативност во процесот на урбанистичко планирање при делот за икзградбата на катна гаража во општина Охрид.

Тоа подразбира добивање на релевантни податоци за граѓаните во врска со постапките, досегашните реализирани активности и споделување на проблемите при реализација на истите со цел граѓанска котрибуција во процесот на нивно надминување, додава Мемед.

Ние практично од први ноември ја започнавме имплементацијата на проектот. Јас како мобилизатор на заедницата до овој момент земав учество на три сесии работилници со колеги од граѓански организации од цела територија на Македонија, работилниците беа имплементирани од страна на ИФЕС и Владата на Швајцарија во рамките на проектот Поддршка на изборните реформи, на кои со колеги од цела држава ја структуиравме содржината и динамиката на проектот, вели Елена Ристеска, мобилизатор на заедницата.

Инаку поднесено е и официјално барање за средба со градоначалникот д-р Кирил Пецаков, исто така до локалната самоуправа е поднесено барање за добивање на физибилити студијата, а учесниците во проектот се надеваат на позитивен одговор и добра соработка со општината.

Граѓанската партиципативност подразбира не само учество во процесот на донесување на одлуките, туку и во контролата на реализацијата на политиките и нивното преиспитување, вели д-р Никола Ѓоршоски координатор на проектот.

Тој објаснува дека проектот би ја анимирал охридската јавност во врска со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период, а од друга страна би овозможило поголем увид на јавноста во актуелните случувања, динамиката и останатиот дел од активностите што локалната самоуправа ги спроведува по ова прашање, бидејќи темата е кај политичките партии е актуелна само во предизборниот циклус.

На тој начин би се зацврстила и продлабочила релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој, додава Никола Ѓоршоски, доктор по политички науки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста