Заев со речиси исто експозе како и пред три години, опозицијата најавува протести и пад на власта

Со речиси исто експозе како и после минатите парламентарни избори, така и денеска мандатарот Зоран Заев, ја претстави програмата на Владата. Исто како и пред три години, повторно се ветуваат реформи во правосудството, повторно се ветува борба против корупцијата, нови автопатишта, регионални патишта и уште многу други работи. Се ова беше најавено и во експозето во 2017 година, но за резултатите изостанаа.

-Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети, ќе бидат разрешени, но ќе има и ревизија на 5 отсто од судските предмети кои ќе бидат бирани по случаен избор. Предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство кои со години талкаат низ судските лавиринти, мора да добијат разрешница. За уште поголема отчетност и еднаквост пред законите, воспоставуваме систем за проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, изјави Заев.

Заев повторно ветува и повисоки плати во Македонија. Откако ќе поминела корона кризата, мандаторот очекувал зголемување на минималната плата од 20 до 40 проценти, додека пак на просечната од 20 до 30 проценти. Повторно како и пред три години се ветува зголемување на платата и на докторите. Од опозицијата не веруваат во ваквите најави на Заев. Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вели и претходно се ветувал стабилен буџет, а дека сега гледаме буџетска дупка за само оваа година од милијарда евра.

-Граѓаните во изборите прашуваа каде се парите, затоа што три години камен не се стави во Македонија, автопатиштата до каде што беа таму застанаа, болниците кои што се градеа до каде беа таму застанаа, железницата до каде што беше таму застана. А нови проекти не видовме, а буџетите се трошеа, што само не носи дека заклучок дека истото ќе се случува и во периодот пред нас, изјави Николоски.

Заев повторно се пофали и со договорите со Грција и Бугарија. Со едниот Македонија го промени името, со имплементацијата на другиот се бара менување на македонската историја по бугарски терк.

-Новата Влада останува сериозно посветена на реализација на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. Тие договори обезбедија членство во НАТО и ја отворија вратата за преговори со ЕУ. До нивната целосна реализација остануваат обврските на кои посветено ќе работиме во духот на заедничкото разбирање со нашите соседи Грција и Бугарија, изјави Заев.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи го потсети Заев дека со овие договори, го прекршил она што го ветувал и во што се колнел, односно дека нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното на име.

-Делчево митинг: Што се однесува до Уставот, гарантирам одличен Устав имаме, европски Устав, Уставот нема да дозволам никој да го промени, Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува, нема менување на Уставот. Бидете спокојни и не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже и би режимот повеќе не не лаже, ама вие да, изјави Мизрахи.

Од опозицијата забележаа дека ова Влада со тенко мнозинство, која што се заснова на стари и истрошени кадри, кои се поврзуваат со криминал. Александар Николоски потсети дека СДСМ со коалицирањето со ДУИ го излажале народот, ветувајќи дека Интегративците ќе заминат во опозиција. Тој најави дека оваа влада ќе има краток рок на траење.

-Ќе се гледаме по градовите и селата затоа што ова е коалиција на лагата. Оваа коалиција ќе биде срушен на масовни демонстрации по македонските градови и села кои што ќе почнат уште оваа есен затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, капацитет за реализација на ветувањата нема, а во исто време народот се чуствува излажан и несоодветно преставен во оваа влада, изјави Николоски.

Инаку новото тесно владино мнозинство ќе биде составено до 62 пратеници од СДСМ, ДУИ и ДПА. Рокот за изгласување на новата Влада истекува утре на полноќ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста