Заврши обдукцијата на телото на младиот беровчанец Димовски, на потег е обвинителството

Извршена е обдукцијата врз телото на младиот беровчанец Јован Димовски. Штипското јавно обвинителство го чека извештајот од Судска медицина. Кога ќе го добијат засега нема конкретен одговор. Обдукцијата е извршена во петокот, откако е направено ексхумација на телото, а полицијата ги изврши разговорите со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на починатиот пациент, информираат од штипското обвинителство.

Вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е завршен, а  од инспекторите од ДСЗИ  проддолжуваат со увид во документацијата кај матичните лекар и стоматолог, како и во Брзата помош во Берово. По целосно завршување на инспекцискиот надзор ќе биде изготвена комплетна информација за констатираната фактичка состојба, посочуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Дополнително министерството за здравство формира комисија за стручен надзор за случајот.

 Во меѓувреме од вчера е отворена и донатарска сметка за семејството Димовски од Берово. Како што пишува во самата објава потребни се 11.700долари. Овие средства  ќе бидат наменети за борба за докажување на вистината за причината за смрттта на младиот Јован, а воедно и егзистенционално да им се помогне на братот и мајката кои се во лоша економска состојба.

Младиот Јован почина пред шест дена на Карил каде бил донесен во многу тешка состојба.. Претходно бил третиран во штипската болница, кај матичниот стоматолог и во Здравствениот дом во Берово. Случајот за смртта на 25годишното момче се прошири по социјалните мрежи откако негови блиски објавија сведоштво во кое се вели дека Јован починал откако му ставиле дрен наопаку, па со тоа се предизвикало сепса.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста