„Забранета земја“ за бугарските провокатори: Џамбаски и Костадинов во сабота никако не смеат да влезат во Македонија

Македонија мора да остане забранета територија за Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов на четрвти февруари. Со цел избегнување на евентуални инциденти пред црквата Свети Спас, роденденот на Делчев тие не смеат да го чествуваат во Скопје. Нивните чекори во последниов период се и повеќе од проблематични кога Македониоја е во прашање, поради што постои опасност од несакани ситуации, вели за Алфа поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески. Според него полицијата има механизми како да ги задржи на граница и барем на четврти февруари тие да не бидат во државава.

-Не треба да се дозволи да влегуваат во Македонија затоа што нивните делувања се провокативни за македонските граѓани и многу лесно може да дојде до конфликт меѓу македонските граѓани и бугарските граѓани кои што би дошле во Македонија, затоа што нивната цел и нивната намера е само провокации и ништо друго, без никакво чествување и тогаш ќе ја доведат полицијата во една ситуација, несакана ситуација каде што мора да се примени соодветна сила, изјави Ѓурчески за Алфа.

Според Ѓурчевски полицијата мора да стори се да бидат избегнати евентуални инциденти пред црквата Свети Спас, каде се моштите на Делчев, меѓу другото и за да не создадеме лоша слика за нас пред Европската Унија.

-Мислам дека македонсиот народ ќе биде прогласен за виновен, Македонија како држава ќе биде прогласена за виновна од европските институции. Значи посочена дека не е демократска држава, дека не владее правото во Македонија итн, напротив наместо да ги осудат сите овие провокатори кои сакаат да дојдат в Македонија. Затоа го повикувам министерот Оливер Спасовски максимално професионално да ги примени законите и а не дозволи никаков влез на такви структури во Македонија, вели Ѓурчески

Сите подолг период чекаат одговор дали Џамбаски и Костадинов ќе бидат пуштени во Македонија во сабота. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека тоа било работа на полицијата, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак дека ќе одлучувале токму на четврти февруари. Дел од правниците се убедени дека овие бугарски функционери одамна ги исполнија законските услови за да не можат да стапнат на македонска територија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста