Живот на рати – Македонците се повеќе се задолжуваат , газдите се поретко се редовни со платите

Позајмици и потрошувачки кредити за подмирување на трошоците и задоволување на основните потреби – вака преживуваат работниците на кои им доцни платата. Во време на тешка економска криза и континуиран раст на цените на производите, горивата, електричната енергија, голем дел од македонските граѓани не ја добиваат на време и онака малата плата, па се задолжуваат или кратат од сопствените желби, само за основното. Според претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, работодавачите треба да го  дадат својот максимум за работниците да бидат задоволни, бидејќи тие се најважната категорија во бизнис циклусот.

Навистина повеќе состојби и повеќе варијанти се во игра. Дел од вработените бараат кредити, исклучиво заради преживување, дел од граѓаните пополнуваат неостварени замислени идеи, желби, но во овој период доволен број на позајмици се случуваа заради годишните одмори. Значи дека платите не се доволни за основните желби на граѓаните. 70% од компаниите не исплатиле регрес за годишен одмор, иако не им го соопштиле тоа на вработенитевели претседателот на Бизинс конфедерацијата на Македонија Миле Бошков.

Работодавачите не се свесни дека доцнењето на платите и непочитувањето на работникот може или веќе резултира со намалена продуктивност и намалено производство. Според Бошков, најдобар начин да се подобри работата на компанијата е преку задоволни работници.

Може да ги очекува, намалена продуктивност, задоволство, намалено исполнување на производството. Компаниите, менаџерите, сопствеениците мора да размислуваат за зголемување на продуктивноста на компаниите преку задоволството на работниците. Ќе мора да се изнајдат паметни решенија, за вработените да останат во компаниите и да бидат задоволни – вели Бошков.

Според последните расположливи информации на Управата за јавни приходи, кои беа објавени во јули, на речиси 30 000 работници им доцнела или воопшто не ја добиле мајската плата. За април, бројките беа двојно пониски. Априлската плата им доцнела на 12.500 работници. Доцнење на плати има секој месец, во различни сектори, а според УЈП, најчесто се повторуваат истите фирми. Бројот на фирми кои не исплаќале плати на време, според податоците за март пак, е 11.000, односно секоја седма активна фирма тактизирала со работничкиот труд. Изештаите на УЈП покажуваат секој месец се повеќе фирми не исплаќаат плати на време. Ако се земе предвид овој тренд, се претпоставува дека состојбата е подраматична и за месец јули, посебно откако поскапе и електричната енергија. Веќе подолг период на официјалниот веб-сајт на статистика, каде се објавува просечната плата, нема достапни информации за тоа колку компании не исплатиле плати.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста