Жесток одговор на Мицкоски за навредите и нападите од страна на бугарскиот европратник Јорданов

Ниту протесна нота, ниту пак дирекно обраќње до негаторите на македонската нација, туку само под маската на – да се игнорираат бугарските маргиналци, кои сепак имаат или имале високи функции во полтиката, власта упорно своевидно ги занемарува навредите кои речиси секојдневно се упатуваат од Бугарија.

Последната навреда напоранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Јорданов беше повод, првиот човек на опозицијата Мицкоски, дирекно да му се обрати токму нему и да реагира на она што го боли секој македонец. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го праша Јорданов дали има  поголем акт на нецивилизираност да се казнува цела држава и цел еден народ поради неговите историски фрустрации кон Македонија?

Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија.

Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не…. И друг пат пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото, напиша Мицкоски на фејсбук.

Додека Мицкоски реагира на навредите, првиот човек на македонската дипломатија, Османи за комуникацијата која ја имаат Скопје и Софија вели дека требало да го прекинеме циклусот на негативните односи кој не е во интерес на двете држави и општества.Знаете дека на 2 април ќе има петти изборен циклус и петти министер за надворешни работи со кој јас треба да работам во услови кога јас сум само две години министер. Тоа создава непредвидливост во комуникацијата и одржување на таа договорена волја. Обично изборните процеси ја вжештвуваат ситуацијата и има политичари кои секогаш се фаќаат за резервните теми кои создаваат емоции и тие ги прават како сопствен наратив за да се кренат во тој политички натпревар, кажа Османи.

За потсетување Јорданов ги нарече македонците црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“, како и низ други навреди и негирања на македоскиот  народ и држава, европратеникот Џамбаски пак вели дека Македонија и Бугарија биле едно, дека немало македонски народ..Стојанов претседателот на бугарската фондација „Македонија“ пак го негира востанието на 11 октомври.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста