Жените на работното место честопати се соочуваат со стереотипи и бариери, најтешко е во текстилниот сектор

Жените во 21 век не се еднакви, ниту пак ги уживаат правата загарантирани со закон. И по толку години од протестот на Клара Цеткин и Роза Луксембург текстилните работнички се уште се олицетворение на нарушени работнички права. Работат во просечни услови, ниски плати, неисплаќање на прекувремена работа. Родовата нееднаквост е длабоко изразена во приватниот сектор, смета преседателката на Гласен текстилец, Кристина Ампева.

Се уште имаме жени работнички во целиот приватен сектор за кои кога работодавачот ќе разберер дека се бремени не им се продолжува договорот или се отпуштани. Ќе слушнеме и за случајот во Кавадарци каде 69жени иако им се должело три плати и придонеси, сепак судот одлучил дека треба да платат адвокатски судски трошоци и дека не се во право„ изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Последен пример за непочитување на работничките права е случајот со текстилните работнички во Кавадарци. Наместо исплата на трите неисплатени плати во висина од 130илјади денари и придонеси, 69те текстилни работнички од Кавадрци ќе треба да платат 20илјади евра за судски трошоци.  Во моментот се спрема жалба до Апелација посочуваат од здружението.

До утре е рокот. Денес треба да ја испратиме. Се прават притисоци, но благодарение на медиумите, случајот не остана на ниво на Кавадарци, туку даде поддржка целата македонска јавност. Ние остануваме да го следиме случајот и да  ја бараме правдата за тие работнички„ изјави Кристина Ампева, од Гласен текстилец.

Во рамки на одбележување на денот на жената денеска во Штип, Гласен текстилец го промовираше новиот мурал кој ќе биде симбол за родова еднаквост и поголеми работнички права во текстилната индустрија.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста