Желјазков: Вметнувањето на Бугарите во Уставот на Македонија не е билатерално прашање, туку услов на ЕУ

Бугарија не потсетува на нивните услови на кои самите се сложивме, односно нашата влада, да станат европски. Вметнувањето на Бугарите во Уставот на Македонија не е билатерално прашање, туку услов на ЕУ, вели претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков во интервју за БГНЕС по завршувањето на посетата на Ватикан и Италија каде што ја предводеше делегацијата на Бугарија по повод чествувањето на 24 мај – денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Во разговорите на претседателот на бугарскиот парламент со претставниците на Ватикан и Рим станало збор и за односите меѓу Софија и Скопје и за политичките процеси на западен Балкан. „Западен Балкан е исклучително важен за Италија и за светата столица, бидејќи ова е област што дава можности за историски конфликти“, нагласи Желјазков.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста